Кукан: Не се прашува само Макрон за проширувањето на ЕУ
Европската унија нема да биде целосна, ниту обединета без така важен регион каков што е Западениот Балкан, изјави претседателот на Комитетот на Европскиот парламент за соработка со Србија, Едуард Кукан.
- Мораме да бидеме одговорни кон нашите пријатели од Западниот Балкан. Ако од една земја кандидат бараме да ги исполни условите, тогаш и ние треба да ги одржиме нашите ветувања, вели Кукан во интервју за денешниот број на белградскиот весник „Вечерње новости“.
Според Кукан, ставот на францускиот претседател Емануел Макрон да нема прием на нови членки во ЕУ се додека таа не се реформира, претставува „само еден од гласовите“ во Унијата.
- Ставот на Макрон е само еден од погледите во рамките на разговорите за иднината на ЕУ. Тоа е една идеја со која јас длабоко не се согласувам. И не сум само јас против некои од ставовите на Макрон. Геманија, на пример, има поинаков став за реформите во Еврозоната, наведува Кукан.
Европратеникот нагласува дека мислењето на Макрон треба да се земе предвид, бидејќи Франција е голема земја, но сепак „иако е силен, тоа е еден само од гласовите“ во ЕУ.
- Впрочен, Франција, Германија или Холандија од секогаш биле ригорозни во врска со прифаќањето нови членки и тоа не се менува, додава Кукан.
Според него, Макрон и припаѓа на новата генерација лидери и е многу амбициозен, но без поддршка од силната германска економија нема да може да ги спроведе своите идеи.
- Понекогаш ми се чини дека е премногу романтичен во врска со реформите. На крајот ќе мора да се дојде до компромис, вели Кукан во интервјуто.
Тој исталнува дека прво треба да се постигне договор за правецот во кој ќе се движат реформите во ЕУ, па дури потоа да се види дали тие можат да бидат спроведени до 2025 година.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент