КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп со концерт одбележа 70 години постоење

На плоштадот „Александрија“ во Прилеп синоќа со концерт беа одбележани 70 години од постоењето на Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Прилеп.
- Веќе седум децении КУД „Мирче Ацев“ е македонски и прилепски фолклорен амбасадор, промовирајќи го во земјата и во странство македонскиот фолклор и традиција. Неговите почетоци се во април 1947 година, а во досегашното постоење илјадниците играорци, кои биле дел од друштвото одржале повеќе од 3.500 концерти, не само во Прилеп и Македонија, туку и во странство. Ансамблот, кој работи под раководство на Атанас Гагалески, гостувал речиси на сите континенти во светот, соопшти Општина Прилеп.
Гости на концертот беа членовите од КУД „Змај“ од градот Ириг, Србија.
- Денеска прославуваме 70 години постоење на КУД „Мирче Ацев“. Им благодарам на сите поранешни членови кои придонесоа за ова друштво да биде познато на сите континенти. Задоволство ми е што гости ни се и КУД „Змај“ од градот Ириг од Србија со кои соработуваме неколку години, изјави Гагалески.
Зоран Митиќ, претседател на КУД „Змај“, исто така истакна дека им е големо задоволство да присуствуваат на концертот и одбележувањето на јубилејот и, како што рече, да го посетат преубавиот град Прилеп.
- КУД „Змај“ постои 150 години и се надевам дека оваа соработка со КУД „Мирче Ацев“ ќе трае уште многу години, рече Митиќ.
На настанот присуствуваа и градоначалниците од Ириг и Прилеп, Стефан Казимировиќ и Марјан Ристески кои, исто така, очекуваат дека соработката меѓу двете играорни друштва ќе прерасне и во трајно пријателство меѓу двете општини.
КУД „Мирче Ацев“ има освоено голем број награди во повеќе држави, а добитник е и на признанието „3 Ноември“ на градот Прилеп за негување на македонскиот фолклор.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
-

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ
-

Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
