Македонија
9. September 2016 - 9:54

КУД „Ацо Ѓорчев“ на фестивал во Република Српска

Фолклористи од КУД „Ацо Ѓорчев“ од Неготино синоќа заминаа на фолклорен фестивал во Градишка, Република Српска. Директорката на Домот на културата „Ацо Ѓорчев“ Мирјана Јованова, во чии рамки дејствува и друштвото, соопшти дека за пет години постоење, имаат преку 120 настапи во Македонија и учество на 28 меѓународни фолклорни фестивали.

- Новото четиридневно гостување доаѓа по успешните турнеи во градовите Врање од Република Србија, Попово од Република Бугарија и Петровец, Република Црна Гора. Ќе настапиме на 14 по ред меѓународен фолклорен фестивал. Таму ќе ги промовираме Македонскиот фолклор и традиција, рече Јованова во изјава за медиумите.

Таа информираше дека друштвото брои околу 300 активни членови, распоредени во 10 групи кои се грижат за зачувување на огромното културно богатство и фолклорна традиција на Македонија.