-->
-->
Кучина освои злато во скок во височина
-->

Руската атлетичарка Марија Кучина го освои златниот медал во дисциплината скок во височина на Светското првенство. Кучина ги обедини титулите во оваа дисциплина откако минатата година победи на Светското првенство во сала.
Кучина (22) со прескокнати 201 сантиметар го освои златниот медал. На патот до најсјаното одличје таа од прва ги прескокна сите височини до 201 сантиметар, а на 203 сантиметри три пати ја рушеше летвичката.
Бланка Влашиќ од Хрватска го освои сребрениот медал, таа исто така прескокна 201 сантиметар, но имаше еден неуспешен обид на височина од 192 сантиметри. Влашиќ на стадионот „Птичје гнездо“ и пред седум години го освои сребрениот медал, тогаш Олимписките игри се одржуваа во Пекинг.
Подиумот го комплетираше уште една Русинка, Ана Чичерова и таа прескокна 201 сантиметар, но имаше еден неуспешен обид на 197 сантиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
