Кучи: Политичкиот патриотизам на Балканот да се замени со економски

На Балканот чувствата на патриотизам треба да се заменат со економски патриотизам, изјави министерот за економија на Македонија Дритон Кучи на денешната средба во Софија со претставници на компании членки на Бугарската трговско-индустриска комора, пренесува БТА.
- Во Македонија почнува нова ера, политичката криза завршува и тоа ќе овозможи економските односи меѓу двете земји да станат уште подобри, рече Кучи.
Како сфера за соработка го посочи процесот на хармонизација на македонското законодавство со европското во што, како што наведе, може да се користат искуствата на Бугарија. Кучи рече дека Бугарија е петтиот најголем трговски партнер на Македонија.
- Бизнис климата во Македонија е насочена кон привлекување странски инвеститори, рече македонскиот министер за економија. Тој изрази надеж дека ќе се отвори пат за нови инвеститори од Бугарија, посочувајќи го „Минстрој“ како успешен пример.
Најави дека наскоро ќе биде испратена покана до неговите бугарски колеги од ресорите економија, енергетика и туризам да ја посетат Македонија и да учествуваат на состанокот на Меѓувладината комисија за економска и научно-техничка соработка.
Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски рече дека трговијата меѓу двете земји има потенцијал да ја надмине сумата од милијарда долари до 2017 година од сегашните 800 милиони. Посочи дека и македонски инвеститори вложуваат во Бугарија, наведувајќи ја рафинеријата за масло во Плевен и компанија за градежни материјали во Перник.
Како области во кои има потенцијал за соработка на средбата беа истакнати енергетиката, животната средина, селското стопанство, преработувачката индустрија, трговијата, високите технологии, како и заеднички проекти во трети земји.
Недоволната сообраќајна инфраструктура и граничните пунктови, пак, беа посочени како проблеми што им пречат на деловните субјекти од двете земји.
Претставниците на бугарските компании побараа Македонија и Бугарија да ги решаваат проблемите на билатерална основа без да чекаат помош од ЕУ.
Ново на Сител
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
-

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените граѓани зел околу 56.000 евра
-

Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
