-->
-->
Куче убило 4-годишно девојче во Велика Британија
-->
Четиригодишно девојче од Велика Британија починало откако било нападнато од куче.
Полицијата била повикана во Милтон Кејнс во вторникот нешто по 17 часот по извештаите за куче кое нападнало дете во задниот двор од една куќа.
Девојчето починало веднаш на лице место, а кучето било успиено, пренесува „Sky News“.
Засега никој не е уапсен во врска со трагедијата а стручна помош доби и семејството на девојчето.
„Ова е апсолутно трагичен инцидент каде што едно дете е убиено откако било нападнато од куче. Ова е почетната фаза на истрагата и сакаме да ги увериме луѓето дека во овој момент нема опасност за пошироката јавност“, рече шефот Мет Буливант.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски најавува паметен зелен бран за да се намалат гужвите низ Скопје
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-

Интензивна на Пулмологија исполнета со пациенти кои имаат компликации од грип
-

Блокирани се сите гранични премини, паркирани над 75.000 камиони ширум цел регион
