Куба од 1 јануари укинува една од двете валути
Куба планира од почетокот на следната година да укине една од двете валути, информира вчера на државната телевизија претседателот на оваа карипска држава, Мигуел Дијаз-Канел, пренесе ДПА.
-Од 1 јануари во оптек ќе биде само една валута – пезос, најави претседателот, додавајќи дека обединувањето на валутата ќе создаде подобри услови за гарантирање еднакви можности и социјална правда за сите граѓани на Куба.
Курсот на валутата ќе биде 24 пезоси на еден американски долар.
Социјалистичката островска држава од 1994 година има систем на двојна валута. Покрај официјалната национална валута, во платежните трансакции, главно од странските туристи, се користи и конвертабилниот пезос и неговата вредност приближно е еквивалентна на американскиот долар.
Куба во јули го укина 10-процентиот данок за купување долари, што беше во сила од 2004 година, поради недостигот од приходи од туризмот за време на пандемијата на коронавирусот. Оттогаш, одредени производи во некои продавници можат да се плаќаат и со картичка во американска валута, додава ДПА.
Ново на Сител
-
Во завршна фаза се активностите за санација на главниот градски водовод
-
Сите патни правци во државава се проодни
-
Обвинителството ги истражува причините за смртта на професорот Кожухаров, декан на Економски факултет Скопје
-
Во Белград убиен 27-годишник
-
Институтот за јавно здравје издаде препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето
-
Сиљановска Давкова: Турскиот јазик и култура се скапоцен дел од македонската мултикултурна ризница
-
Билд: Расте бројот на жртви - четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург
-
ФИФА потпиша договор со Нетфликс за двата следни женски фудбалски мундијали