Крводарителска акција во СВР Куманово
Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа редовна крводарителска акција, прва во тековната година која ја организира СВР Куманово во соработка со Институтот за трансфуциона медицина и општинската организација на Црвениот крст.
Во акцијата се вклучија 60-тина вработени од кумановската полиција кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
- Ова е прва редовна крводарителска акција која ја организираме во тековна година во кумановската полиција. Задоволни сме од одѕивот на вработените, изјави Марјан Павличек, самостоен инспектор во отсек за превенција од СВР Куманово.
Дел од крводарителите од полицијата даруваат крв со години и се повеќекратни дарители. Оваа година се вклучија и помладите припадници на полицијата. СВР Куманово традиционално организира три крводрителски акции во една година, во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
- И на минатите акции одѕивот беше добар. Денеска за само неколку часа крв даруваа 52 крводарители. Очекуваме до крајот на акцијата бројот на крводарување да се искачи на 60-тина, изјави доктор Миленка Благоевска од Институт за трансфузиона медицина Скопје
Од кумановскиот Црвен Крст најавија дека наредните крводарителски акции ќе се оддржат во петте средни училишта во градот.
Ново на Сител
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа