Крводарителска акција во организација на Општина Центар

Општина Центар во соработка со општинската организација на Црвениот Крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиологија организира крводарителска акција. Во интерес на успешноста на акцијата, Општината ги повикува сите граѓани кои сакаат да бидат хумани, да дојдат во просториите на општината (барака 6), денеска од 09:00 до 12:00 часот и да даруваат крв.
Во крводарителската акција ќе се вклучат вработените на Општина Центар и вработените од Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), а акцијата е од отворен карактер.
Дарувањето крв е највисок алтруистички чин кој се темели на принципите на доброволност и солидарност, а крвта е лек за кој не постои соодветна замена. Затоа е значајно во секое време да има доволни количини на крв, што може да се постигне единствено со доволно крвни резерви во трансфузиолошките служби.
Општина Центар три пати годишно организира крводарителски акции. Крводарителските акции имаат за цел да ги зголемат резервите на крв, да ја подигнат свеста за важноста на крводарителството, но и да ги унапредуваат и промовираат систематските и организирани крводарителски акции, се наведува во соопштението од Општината.
Ново на Сител
-

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син
-

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба
-

Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба
-

Путин: Постои можност за мировен договор за завршување на војната во Украина
-

Познат идентитетот на загинатиот на патот Охрид-Кичево: Животот го загуби младиот кошаркарски тренер Антонио Савески
-

Во дом на битолчанец пронајдени 42 пакувања со прашкаста материја
-

Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена, за три години направивме подобро место за живеење
-

Во заедничка акција згрижен повредениот пеликан во Дојран, си доби мандра за престој и редовен оброк | ФОТО
