Крводарителска акција во кумановската гимназија „Гоце Делчев“
Над 170 ученици од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се пријавиле да даруваат крв на денешната крводарителска акција во училиштето, која се организира по втор пат од почетокот на учебната година. Досега, сметаат одговорните од гимназијата и лекарите, ова е рекорден број на пријавени ученици.
- Интересот оваа година е најголем, има пријавено 176 крводарители од кои веројатно повеќе од 100 ќе даруваат крв, а дел од нив ќе бидат веројатно и вратени зависно од нивната здравствена состојба. Оваа акција се организира два пати годишно, изјави Драган Илиевски, професот од гимназијата „Гоце Делчев“.
Лекарот Дритон Биљали од Институтот за трансфузиона медицина, стационар Куманово, информираше дека според нивните статистики, кумановските гимназијалци даруваат крв и голем дел од нив за прв пат даруваат и таа практика продолжуваат да ја применуваат и понатаму.
- Очигледно дека апелите кои се упатуваат кон најмладите крводарители, даваат позитивни ефекти. Обично во гимназијата собираме помеѓу 90 и 110 крвни единици, изјави Биљали.
Инаку, од почетокот на годинава досега, според информациите на општинската организација на Црвениот Крст во Куманово собрани се 501 крва единица, а биле организирани шест крводарителски акции.
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес