Крводарителска акција во Кичево по повод Денот на извидништвото

По повод 22 февруари - Светскиот ден на извидништвото денеска во организација на Извидничкиот одред „Мирко Милески" од Кичево, а во соработка со Црвениот Крст и Центарот за трансфузиона медицина од Кичево, се реализира крводарителска акција.
Бобан Стојановски, член на Извидничкиот одред „Мирко Милевски“, изјави дека со денешната акција ги завршуваат планираните активности за овој месец.
- Акцијата е во рамки на „Направи добро дело“ која се состоеше од повеќе други активности спроведени овој месец. На оваа акција и претходеше искачување на планината Илиница, како и акција за помош на едно социјално загрозено семејство, рече Стојаноски.
Доктор Викторија Јовчева, трансфузиолог, соопшти дека до 12 часот имало околу 15 крводарители. Таа посочи дека најмногу има дарители од А крвната група, но ги повика сите оние кои сакаат да даруваат крв, од утре да го сторат тоа во Центарот за трансфузиона медицина во Кичево.
Ново на Сител
-

Австралиски служби откриле ИП адреси од Македонија - кај битолчанец вработен во образование пронајдена детска порнографија
-

Велигденска порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов
-

Израелско МЗ: 148 лица хоспитализирани поради повреди од војната во последните 24 часа
-

Хегсет побара од началникот на Генералштабот на американската армија да поднесе оставка
-

Обезбедена поддршка од ОБСЕ за изработка на стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032
-

Велигденски концерт на Македонската филхармонија
-

Кривичен: Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март
-

На Попова Шапка 77 сантиметри снег
