Македонија
15. јуни 2021 - 12:22

Крводарителска акција во чест на Верица Белчовска

Верица Белчовска девојката чие срце беше донирано за трансплантација била и крводарител. Tаа крв дарувала само неколку дена пред кобната несреќа во која настрада. Постхумно, а по повод светскиот ден на крводарителството струмичкиот Црвен Крст и додели признание кое им беше врачено на нејзините родители. Во нејзина чест ќе започнe и крводарителска акција која ќе се одржува секоја година на денот кога е родена.

„Многу малку пред кобната несреќа за прв пат беше во просториите на Црвен Крст Струмица и таму со голем ентузијазам даруваше крв. Во таа чест заедно со службата за трансфузиона медицина по повод нејзиниот роденден ќе посветиле крводарителска акција на која што секоја година во нејзина чест ќе се собират крвни единици, меѓутоа ќе се преземаат и активности за да се подигне свеста за органодарителството“, рече Маријана Тошева, секретар на Црвен Крст Струмица.

Постхумно признание доделија и здравствените работници од струмичката болница на нивни колега кој бил истакнат крводарител, но пред неколку месеци ја загубил битката со корона вирусот.

Во рамки на одбележувањето на светскиот ден на крводарувањето Црвениот Крст од Струмица покрај признанијата на повеќекратните крводарители, годинава додели и признание за мотиватор во крводарувањето. За прв пат признанија беа додели и на младите од клубот на волонтери кои оваа година прв дарувале крв.