Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Традиционално по шестнаесетти пат денеска ќе биде организирана крводарителска акција посветена на големиот хуманист Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.
Организатори на крводарителската акција се Црвениот крст на град Скопје, Општинската организација на Црвен крст Гази Баба , Институтот за Трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот. Поддршка кон акцијата ќе дадат и волонтерите од Клуб 25- клуб на млади крводарители, мотиватори како и волонтерите од Клуб на млади на Црвен крст Гази Баба.
Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и истите се реализираат во негова чест. До сега, на овие 15 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале над 4.500 крводарители, се наведува во соопштението на Црвениот крст.
Акцијата ќе се реализира во холот на Дом на АРМ во периодот од 9.00 до 17.00 часот.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
