Свет
8. August 2016 - 11:30

Крвава војна на претседателот на Филипини: Дали борбата против дрогата отиде предалеку?

Кликс - Сараево

Новиот претседател на Филипини Родриго Дутерте во текот на кампањата го потенцираше својот немилосрден став кон криминалот, а Филипинците дури сега дознаваат што тоа значи во пракса. 

На Филипините, но и во светот се објавија фотографии од филипинските улици кои прикажуваат осомничени за трговија со дрога во крвава облека, врзани, додека носат натписи кои ги потенцираат нивните наводни злосторства. Некои се убиени на улиците или затворени во трошни, стари соби.

Ова се последици од немилосрдната политика на Дутерте која беше една од неговите основни сили во текот на изборите.

Во јуни Дутерте, во говор прикажан на националната телевизија, порача на граѓаните дека „криминалецот се бори до смрт” дозволено им е да го убијат. „Ве молам бидете слободни да повикате полиција, или тоа да го направите сами ако имате пиштол... Ја имате мојата поддршка” - рече тогаш Дутерте.

Филипинските медиуми објавија дека бројот на убиените лица кои биле под сомневање дека продавале дрога од 30 јуни, ден кога Дутерте ја презема позицијата претседател, до 1 август пораснал на 465.

Откако во земјата беа објавени фотографии на убиени лица кои тврделе дека со трговија на дрога немаат врска и вознемирија многу луѓе, Дутерте изјави дека луѓето не треба да се надеваат на свештениците и групите за заштита на човековите права, бидејќи тие нема да им помогнат. Наведените фотографии не го вознемириле, а на тврдењата за невиност не поверувал. Дутерте ја засилува кампањата против трговците со дрога, тврдејќи дека нема да запре додека и последното лице поврзано со трговија со дрога не заврши зад решетки или под земја.

„Ова е војна, не криза” - рече Дутерте па ја праша јавноста: „Зошто овие луѓе треба да живеат?”.

Некои невладини организации почнаа да предупредуваат дека меѓу населението се чувствува страв и дека луѓето кои се плашат дека би можеле да бидат осомничени како препродавачи на дрога почнаа на себе да носат натписи кои велат дека тие не се тоа.

Организацијата Хјуман Рајтс Воч (HRW) ги повика релевантните меѓународни институции да осудат за убивање на лица за кои постои сомневање дека се корисници или препродавачи на дрога.

„Меѓународните агенции за контрола на дрогата треба јасно да дадат до знаење на претседателот Дутерте дека зголемениот број на убиени осомничени корисници и препродавачи на дрога не е прифатлива контрола на криминалот, туку промашување на владата да ги заштити фундаменталните човекови права на граѓаните” - рече Пелим Кине, заменик директор за подрачјето на Азија од организацијата HRW.

Филипинските медиуми јавуваат и дека поединци и неформални групи граѓани исто така се одлучиле да ја земат работата во свои раце и дека постои сомневање дека и самите почнале да преземаат акции против лица поврзани со трговија со дрога.