Македонија
28. November 2018 - 13:44

Крвава тепачка во Велес - две лица итно пренесени во болница

  Две лица биле повредени со убодни рани во тепачка со нож што се случила синоќа во велешко Горно Оризари. На повредените им е укажана медицинска помош во  Општата болница Велес по што се пуштени на домашно лекување, а лицето кое употребило нож е приведено.

Од СВР Велес информираат дека синоќа околу 21:30 часот  во село Горно Оризари, по претходна расправија настанала тепачка помеѓу А.К.(36), Х.К.(19) и С.К.(43) од село Горно Оризари, при што во еден момент А.К.извадил и нож.  Во Општа болница Велес кај Х.К. и С.К. биле констатирани повреди, а А.К. бил  лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.