Крвава тепачка во селска меана во Долни Балван: Побарал пијачка, добил ќотек
Вчера во 02.05 вработен во Клиничката болница Штип пријавил дека кај нив бил донесен повреден О. Б. (44) од с.Парналија, Општина Карбинци. Тој се здобил со тешки телесни повреди на десното око при тепачка. Во разговор со полициските службеници, О.Б., кажал дека околу 00.10 часот отишол во продавница во с.Долни Балван, седнал на една од масите и побарал да биде услужен со пијачка.
На спротивната маса седеле две непознати лица заедно со К.Д. од Штип. Тие почнале да му префрлуваат, по што тој станал од масата со намера да си замине.
Кога излегол надвор непознатите лица го удриле со шишиња по главата и со патничко возило побегнале.
Поради сериозноста на повредата, О.Б. бил испратен на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во врска со настанот биле приведени А.Н. (47) од с.Таринци, О.Ј. (29) од с.Чифлик и М.А. (34) од с.Чифлик и по извршениот разговор биле ослободени.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
ЕУ воведува царини за САД
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?