Крвава тепачка вчера кај Градски стадион

Во Полициската станица Центар, вчера во 14:00 часот, С.А.(36) од село Сарај, скопско, пријавил дека истиот ден околу 01:00 часот, движејќи се заедно со неговиот брат Р.А. покрај Градскиот стадион во еден момент му се доближило лицето Р.С. кој бил заедно со Д.М. и Б.С. по што Р.С. физички го нападнал пријавителот додека неговиот брат возвратил на ударите кон Р.С.
Во еден момент лицето Д.М. извадил пиштол кој го насочил кон пријавителот кој пак од страв за неговата сигурност извадил нож.
Од страна на лицето Б.С. било фрлено стаклено шише кое го удрило пријавителот во пределот на градите по што С.А. и неговиот брат Р.А. го напуштиле местото на настанот.
По преземени мерки сите лица инволвирани во настанот се повикани и со нив е разговарано, за настанот е запознаен Јавен обвинител.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
