Крвава драма: Семејства од Гостивар брутално се пресметале, итно пренесен на скопските клиники
Две семејства од Гостивар и нивните пријатели физички се пресметале, па завршиле на скопските клиники. На 07.08.2018 година околу 22,00 часот во населбата Фазанерија 2 во Гостивар настанала физичка пресметка помеѓу две групи, семејството на И.П. и нивните пријатели и семејството на А.Б. и нивните пријатели. Во тепачката биле користени разни предмети од двете страни. Во тепачката со телесни повреди се здобиле лицата Б.Е. (33) од Тетово, И.Б. (27) од Гостивар, А.Б. (34) од Гостивар, Е.П. (32) од Гостивар, Е.П. (22) од Гостивар, М.П. (49) од Гостивар и Е.Н. (18) од Гостивар. Додека со тешки телесни повреди се здобило лицето Б.Ф. (26) с.Теарце, тетовско. Тој, по укажаната помош во гостиварската болница, а поради сериозноста на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија