Живот
10. September 2015 - 20:32

Крвава драма на улица: Крволочен питбул нападна бездомник

Питбул нападна бездомник, но за среќа животот на овој човек му го спаси полицаец кој тука се нашол. Тој морал да го застрела песот во глава за да му го помогне на бездомникот.

Живототно немилорсно го зграбил мажот со своите заби и не сакал да го пушти, велат случајните минувачи. Инаку сопственик на кучето е друг бездомник кој во моментот на инцидентот пиел со жртвата на улица.

Лекарите на несреќниот човек му укажале помош на самото место, а тој е префрлен во болница со тешки повреди на рацете и нозете.

-Човекот врескаше, а јас се обидував да го тргнам кучето од него. Но едноставно го имаше зграбено и не го пушташе - рече Дејвис кој морал да го употреби оружјето за да го спаси човекот.

И откако истрелал куршум во главата, кучето уште некое време го држеше човекот во забите - додаде тој.