Крвав викенд во Скопје: 16 повредени во 20 сообраќајки
Две лица се потешко, а 14 полесно повредени во вкупно 20-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.
Од евидентираните шест сообраќајки во петокот, во три полесно се повредени пет лица, а три незгоди се само со последица материјална штета.
Во саботата, пак, се случиле 10 сообраќајни незгоди, при што во една со потешки телесни повреди се здобил возач на мотоцикл, а во четири полесно се повредени пет лица. Пет сообраќајки се со последица материјална штета.
Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани четири сообраќајки, во кои еден сопатник се здобил со тешки телесни повреди, а четири лица со полесни повреди. Во две е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала 34 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 16 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, четири возачи поминале на црвено светло на семафор, 45 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 53 биле непрописно паркирани.
Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 85 непрописно паркирани возила.
Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници со дечињата од средна и голема група во детската градинка „25 Мај“ во објектите „Сонце“ и „Синоличка“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот