Балкан
30. December 2016 - 16:27

Крвав крај на годината: Со секира во глава го удрил братот

Поради нанесување на тешки телесни повреди е уапсен 29-годишниот Д.Ѓ од селото Држановац кај Житораѓа. Тој со секира го удрил по глава својот брат.

По апсењето му е одредена мерка полициско задржување до 48 часа, по што ќе биде сослушан во Вишото обвинителство во Прокупље.

Против него е поднесена пријава за обид за убиство.

Браќата инаку живееле во иста куќа, но на различни катови.

По кавгата во дворот на семејната куќа Д.Ѓ ја зел секирата и со неа го удрил братот, кој од повредата паднал на земја.

Откако му е пружена помош, тој е префрлен во болницата во Прокупље.

Најверојатно напаѓачот бил под дејство на алкохол.