Македонија
30. September 2017 - 12:14

Крвав инцидент синоќа кај Олимпискиот базен во Скопје

Синоќа во 19 часот и 50 минути во СВР-Скопје од страна на лекар од Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен со повреди 19-годишниот  Е.Ј. од Скопје.

Имено, кај Олимписки базен при тепачка, од страна на непознато лице, со остар предмет му била нанесена повреда во вид на расекотина во пределот на левата надлактица.

Истиот бил задржан на лекување.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.