Македонија
30. јуни 2018 - 16:27

Крушево продолжува со иницијативи за развој на алтернативниот туризам

Над 300 учесници денеска беа дел годинешниот аутдор фестивал „When in Krusevo“ кој се организира по втор пат. Фестивалот е замислен како спој на забавата, спортот и културата. Денеска се одржаа 4 рекреативни тури, две планинарски и две за планински велосипедизам, долги 40 и 20 км. Учесниците имаа можност да уживаат и во концертите и посетата на музеите.

„На концертниите веќери очекуваме да дојдат над 2.000 луѓе, денес завршуваат планинарската мала, планинарската голема тура, потоа имаме ииспланирани активности на крушевското езеро, кајакарење, јога кидс корнер за сите деца. Вечер забавата продолжува со Inner Circle кои ни доаѓаат директно од Јамајка“, вели Димитар Ангелковски, организатор на настанот.

Идејата на манифестацијата е Крушево да се промовира како хит дестинација кој нуди повеќе можности за развој на активниот туризам.

„Започнавме со работа на една мобилна апликација со која ќе се обележат сите планинарски и велосипедски патеки и со тоа да го промовираме Крушево како број едне дестинација во Македонија за овиис спортови“, изјави Антонио Кузманоски, организатор на настанот.

Учесници велат дека актиивниот туризам моментално е хит во светот и ние како држава треба да посветиме поголемо вниимание за негова промоција.

„Ова што се случува денес е еден од начините да се промовира нештото. И во иднина кога ќе нема организирано вакви тури, посетителите самоиницијативно да доаѓаат тука и едноставно да уживаат во Крушево“, вели Борче Колароски, учесник на настанот.

„Ми се допаѓа тоа што го промовира градот и надвор од зимата, надвор од приказната со музеите и историјата“, истакна Софија Стојановска, учесник на настанот.

Забавата продолжува и вечер со култните Inner circle.

„When in Krusevo“ утре продолжува со првата организирана планинарска трка во градот долга 22 км., а на месноста Мечкин Камен ќе има организирано промотивни танден летови со параглајдери.