Македонија
9. October 2016 - 14:03

Крушево: Мртов маж пронајден во својот двор, еден осомничен за убиство

Вчера во 18.50 час. во ПС-ОН-Крушево било пријавено дека во с. Алданци има починато лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека пред семејната куќа во с. Алданци во дворот има машко лице со повреди на главата и без знаци на живот.

Од страна на медицинска екипа од Здраствен дом Крушево констатирана е смрт на М.П.(52). За настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО-Прилеп кој изврши увид на местото на настанот со увидна екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крушево.

Во врска со настанот во полициска станица приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.