Македонија
30. July 2017 - 13:48

Крушевчанец пријавил дека му се празнат резарварите со нафта па полицијата..

Синоќа околу 21,00 часот во полициската станица во  Крушево, телефонски се јавил диспечер од Македонски телекомуникации и пријавил дека во базната станица во Крушево, на местото викано „Црн Врв“, нагло се празнел резервоарот со нафта.

Полициски службеници од полициска станица во  Крушево излегле на местото и пронашле патничко возило „Тата Сафари“ со косовски национални ознаки, во кое имало 17 канистри од по 20 литри полни со нафта.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Ново на Сител