Крос за ремито со Лајпциг: Едно е резултатот, друго е начинот на кој играш
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос се осврна на нерешениот резултат со Лајпциг.
„Кралевите“ синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите одиграа 1:1 со германскиот тим.
-Лајпциг играше добро, одлично се бранеше и имаше добри контра напади. Знаевме дека противникот може да биде опасен. До одреден момент имавме добар посед на топката, но потоа немаше доволно играчи во нападот за да се создаде опасност. Резултатот е едно, начинот на кој играте е друго. На полувремето бевме задоволни од резултатот, но не и од начинот на кој игравме. Второто полувреме беше малку подобро, но сепак недоволно. Не одигравме добро, но на крајот стигнавме до четвртфиналето, изјави Крос за веб-страницата на УЕФА.
Во првиот натпревар мадриѓаните победија со резултат 1:0 и со вкупни 2:1 се пласираа во четвртфиналето.
Противникот на Реал ќе биде одреден со ждрепка која ќе се одржи на 15 март.
Ново на Сител
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела