„Кромберт и Шуберт“ со својата понуда пред студентите на Битолскиот универзитет
Универзитетот „Св.Климент Охридски“ -Битола и компанијата „Кромберг и Шуберт-Македонија“ ДООЕЛ-Битола денеска почнаа серија презентации на можностите и понудата на компанијата за студентите од овој Универзитет.
Првата средба се одржа со студентите од Техничкиот факултет во Битола кои беа информирани за историјатот на компанијата „Кромберг и Шуберт“ и нејзините развојни планови во Македонија.
- На денешната средба беа опфатени повеќе теми и можности за кариерно насочување на студентите, информации за потребата од соодветни компетенции на пазарот на трудот, а во согласност со потребите на компанијата и актуелни проекти на компанијата. Кај студентите посебен интерес предизвикаа можностите за практикантска работа, интерни обуки и можности за унапредување, како и активностите кои се преземаат во компанијата за мотивација на вработените, информираа од деканатот на Технички факултет-Битола.
Компанијата „Кромберг и Шуберт-Македонија“ ДООЕЛ-Битола ќе одржи директни средби и презентации и во другите универзитетски единици што се во состав на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот