Крмов: Материјалната штета во Собранието ќе биде платена, но штетата од процесот е неповратна
Материјалната штета во собранието ќе биде платена, но штетата од процесот со кој се укина парламентарна демократија е неповратна, вели пратеникот од Левица Борислав Крмов.
По вчерашниот инцидент во Собранието и најавата на спикерот Талат Џафери дека Левица ќе треба да ја плати направената штета, Крмов во емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс, вели дека тоа не е проблем, и слободно да му ја пратат сметката, и нагласува дека во Собранието треба да има судир на идеи и повеќе политички опции, а не да биде како Влада.
- Слободно, тоа е најмалиот проблем. Ќе ја платиме штетата, но штетата од процесот кој што се случи е неповратна. Собранието, на еден начин се самоукина. Собранието сега е само обичен извршител на Владата и следната влада којашто ќе дојде на власт, практично веќе нема да има Собрание, изјави Крмов.
Според Крмов, по вчерашното фрлање на амандмани, „филибастер“ и нов Деловник воопшто и не бил потребен.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ