Кризата драстично ги намали средствата на Грците

Долгата криза со која се соочува Грција ги намали средствата на грчките граѓани, соопшти „Алианз“ во својот Глобален извештај за богатство, во кој се истакнува дека вкупните финансиски средства на Грците, на крајот од 2015 година биле речиси 30 проценти помали во споредба со највисоко ниво пред кризата, додека во другите западноевропски земји состаојбата на домаќинствата била подобра во 2015 отколку во 2007 година.
- Кризата остави трајни лузни во Грција. Кога беше воведено еврото, околу половина од грчкото население биле припадници на европската средно богата класа, додека таа бројка денес изнесува само 20 проценти, се вели во извештајот.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, просечните нето финансиски средства на Грците, кои ја претставуваат разликата меѓу нивните средства (банкарски депозити, хартии од вредност и удели во програми за осигурување) и нивниот долг, изнесува 11.231 евра во 2015 година, што е значително пониско во споредба со другите земји на еврозоната, со исклучок на Литванија, Естонија, Летонија и Словачка.
Граѓаните на Швајцарија се на прво место со просечно нето богатство од 170.589 евра, по што следуваат Американците со 160.949 и граѓаните на Велика Британија со 95.600 евра. Германците се рангирани на 18 место со 47.681 евра, по Италијанците кои се 15-ти со 53.494 и Французите на 16. место со 53.425 евра.
Според податоци на грчката Централна банка, домаќинствата повлекле вкупно 33 милијарди евра од банките само во 2015 година. Од јануари 2010 година, повеќе од 97 милијарди евра, или во просек по 8.860 евра по глава на жител се извадени од банките во земјата.
Ново на Сител
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
