Криза во бракот: Никол Кидман се кара со мажот преку медиумите

Никол Кидман и Кит Урбан имале кавга на премиерата на еден филм, зошто актерката нема намера повеќе време да поминува со сопругот во Австралија, пренесоа светските таблоиди.
Сопругот на оваа актерка слушнал кога давала изјава и делувал како да не бил претходно за тоа известен.
Никол во изјава за медиумите изјави дека нема време да остане во Австралија зошто ја чека светска промоција на филмот. Меѓутоа поради тоа се налути нејзиниот сопруг, кој планирал заеднички одмор во Сиднеј, бидејќи сопружниците поголем дел од 2016 година ја поминале одвоени.
Следувала жестока кавга и размена на тешки анвреди, тврдат сведоците на овој настан.
-Никол повеќе не може да го трпи однесувањето на Кит. Тој мора да сфати дека нејзе кариерата и е приоритет и дека и е неопходна поддршка, а не критика. Тоа многу ја фрустрира, вели еден пријател на актерката за еден австралиски таблоид.
Инаку, познатата двојка е во брак веќе 10 години и имаат две ќерки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот

