Кривопаланечките планинари на Рилски езера

Триесет планинари од Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен" од Крива Паланка вчера се искачија на седумте Рилски езера на планината Рила во Република Бугарија.
- Успешно реализиравме уште една од предвидените планинарски тури за оваа календарска година. Вкупно триесет планинари уживаа во убавината на планината, а временските услови кои беа идеални за планинарење ја направија акцијата уште едно незаборавно искуство, изјави претседателот на „Калин Камен" Мартин Митровски.
До традиционалната акција за искачувње на Руен, рече, претстојат уште неколку акции во текот на овој и наредниот месец.
- Нашата традиционална акција за искачување на Руен, највисокиот врв на Осоговските Планини, е закажана за 10 септември. Очекуваме стотици планинари од друштвата од Македонија и соедството. До тогаш, кон крајот на овој месец претстои искачување на Триглав во Словенија и неколку други акции, додаде Митровски.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
