Кривичниот суд му определи притвор на Т.М., за екстрадиција одлучува Министерството за правда
Судија на претходна постапка по предлог на ЈО определи мерка притвор од 30 дена на лицетот Т.М. поради основи од член 165. ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1, додавајќи дека во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното Министерство за правда.
-Денеска пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, спроведено е едно лице со предлог од Јјавното обвинителство за определување мерка притвор поради екстрадиција по распишана меѓународна потерница на Интерпол – Србија. По сослушување на лицето во присуство не неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на Т.М. му определи мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, а во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното
Министерство за правда, наведуваат од Кривичниот суд.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност