Кривичниот суд го одобри во целост обвинението за сообраќајката кај Ласкарци

Кривичниот суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен за натамошно постапување.
- Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост, соопштија од Судот.
По оценетиот обвинителен акт, информираат од Кривичниот суд, формиран е кривично – правен предмет со К.бр.1407/19 кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а отткако ќе биде насрочен термин за главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.
Во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
