Македонија
3. August 2020 - 16:37

Кривични за забавите на Градиште, полни раце работа за полицијата во Охрид

Кривични пријави за журките во Градиште . Раководителот на пазарниот инспекторат Цветко Ристески за Сител вели дека 15 инспектори од Охрид Скопје и Гостивар деновиве направиле 75 надзори за два дена во главниот туристички центар и најави кривични пријави за две плажи. Додека 17 прекршочни пријави заработиле нерегистрирани објекти кои вршеле дејност и издавале лежалки покрај езерото.

Од видеата на социјалните мрежи може да се забележи дека посетителите  кои деновие одмараат на брегот си се забавуваат за време на пандемија.Не носат заштитни маски ниту пак има социјална дистанца согласно препораките за заштита од ширењето на заразата.

Бурниот викенд во Охрид донесе 170 казни за неносење лична заштита на лицето ,две сообраќајни несреќи,6 физички пресметки и 10 тина приведени лица за време на журка на плажа кај кои е пронајдена марихуана.

Проблемот е голем и онаму каде пазарните инспектори немаат надлежност на така наречените диви плажи во градот е преполно со туристи .Инаку деновиве илјадници гости престојуваат во Охрид . Слободни соби во приватното сместување нема, а целосно се исполнети и хотелските капацитети.