Кривични за напаѓачите на Тодор Петров во „Казабланка“

Полицијата денеска ќе поднесе кривична пријава против Е.Б., А.Е. и А.Б. поради основано сомневање дека сториле кривично дело „насилство“. Тие се товарат за физички напад на Т.П., во угостителскиот објект „Казабланка“, на 27 февруари годинава.
Како што соопшти МВР, по сослушувањето, Е.Б. и А.Е. се лишени од слобода, па ослободени со обврска утре да се јават кај Јавниот обвинител.
Овие и уште неколку лица денеска беа сослушани во полициската станица „Бит Пазар“. Изјавиле дека на 27 февруари буле присутни во угостителскиот објект каде што се случил кривичниот настан.
Во присуство на Јавен обвинител, извршено е соочување меѓу Т. П и Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ. (28) и Х. А. (34). Притоа, Т. П. ги посочил Е.Б. и А.Е. како лица кои биле во групата која физички го нападнала на 27 февруари во „Казабланка“ заедно со А.Б..
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
