Кривични пријави за три бугарски државјанки за кражба на пари
Три бугарски државјанки биле приведени од полицијата како осомничени дека се сторителки на три кривични дела „кражби“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци С.С.(25) и две малолетнички на возраст од 15 и 16 години на почетокот од август дошле во Тетово од Скопје, а кражбите ги извршиле во август и септември.
- Трите бугарски државјанки влегувале во бутици под изговор да разгледуваат, но го искористувале невниманието на сопствениците и одзеле паричници и чанта. Во еден случај кражбата ја извеле на тротоар на тој начин што додека оштетената минувала покрај нив тие незабележително и го оделе паричникот од чантата. Од кражбите пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 216.000 денари, рече Јосифовски.
За сите случаи полицијата против бугарските државјанки поднела и кривични пријави за три кривични дела „кражби“.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана