Кривични пријави против три лица за приредување игри на среќа без лиценца
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.К. (33) од Скопје, Е.Б. (30) од струшкото село Велешта и И.А. (27) од село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган”.
Како што информира денеска МВР, пријавените И.К. и Е.Б. во текот на септември оваа година во два објекти во селото Велешта, организирале и приредувале игри на среќа во форма на спортска кладилница без издадена лиценца, односно дозвола од надлежниот орган. Во истиот период, пријавениот И.А. тоа го направил во објект во селото Корошиштас сопственост на неговиот татко.
На 30 септември годинава полициски службеници од криминалистичката полиција од Струга заедно со даночен инспектор од УЈП извршиле контрола во сите објекти. Притоа тие утврдиле дека пријавените немаат дозвола од надлежен орган за таква активност односно дека приредувале игри на среќа без лиценца.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација