Кривични пријави против двајца жители на Кичево и кичевско за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село Шутово. Првопријавениот, на 18.03.2020 година околу 13.30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17.03.2020 година, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација. На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службенициконстатирале дека второпријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не сепридржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација.
Ново на Сител
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
