-->
-->
Кривична за злоупотреба на службена положба, фалсификување службена исправа и кражба
-->
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“.
Во периодот од јули 2021 година до октомври 2022 година, прво и второпријавениот, вработени во ЈП „Национални шуми“ - подружница „Малешево“ – Берово, му овозможиле на третопријавениот да изврши сеча, дотур и превоз на дрвна маса од парцели во приватна сопственост, со што се стекнал со вкупна материјална корист од 3.306 446 денари, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба