Кривична за струмичанец кој без согласност преземал фотографии од девојки и ги објавувал на сајт за возрасни

На 10.02.2021 Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.С. (26) од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, по член 149 став 1 од Кривичниот законик.
Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, кои што оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни „xHamster“.
Четирите оштетени лица за делото дознале во втората половина на јануари 2021, кога и го пријавиле во Полициска станица Струмица.
На 09.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки, а врз основа на наредби на Основен суд Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претреси на две локации во Струмица, на кои живее и престојува осомничениот, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, сопственост на осомничениот Г.С., кој е приведен во полициска станица, а обезбеден е и друг доказен материјал од интерес на постапката.
Ново на Сител
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
