Македонија
1. March 2019 - 16:33

Кривична за ФФМ и поранешниот претседател поднесе Финансовата полиција

Екс претседателот на Фудбалската федерација да одговара кривично за затајување на 27.000 евра бара финансиската полиција во кривичната пријава поднесена вчера.

Според неа, екс шефот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски се сомничи дека прикажал лажни податоци во последната завршна сметка и не ги избришал ненаплатените побарувања од две фирми кои на федерацијата и должеле околу 16 милиони денари и покрај тоа што дел биле ликвидирани а дел постари од три години.

На тој начин, според финансиската полиција, Ѓорѓиевски прикажал помала основа за даночење, оштетувајќи го буџетот за близу 1,7 милиони денари

Илчо Ѓорѓиоски уште во пред 2 години го нашупти кормилото на ФФМ и доби место во организацискиот комитет на ФИФА, едно од највлијателните тела на спортската организација.

Во моментов федерацијата ја води В.Д. претседателот Мухамед Сејдини и наспроти противењето на најголемиот број клубови од првата фудбалска лига тој е единствениот кандидат за Претседател на изборното собрание на ФФМ закажана за средината на овој месец.

Медиумите пренесоа изјава на Директорот на Агенцијата за млади и спорт кој на трибина во Штип најавил дека ќе почне истрага во федерацијата која била заглавена во криминал и дека во такви услови, тешко е да се поверува дека ќе може да се одржи изборно собрание и да се избере нов Претседател.