Кривична за екс директорот на ЈП „Национални шуми“, продавал изгорени дрва по нереално ниски цени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што информираат од МВР, пријавениот В.Г., поранешен директор на ЈП „Национални шуми“ ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што во периодот од 13.02.2023 до 07.05.2024 склучил и потпишал осум договори за купопродажба на опожарена дрвна маса со шест правни лица, при што во договорите се повикал на ценовник за цени на дрвни сортименти кој во моментот бил неважечки и во кој биле наведени пониски цени од важечкиот ценовник.
Во сите осум склучени договори за купопродажба на опожарени дрвни сортименти биле наведени цени од ценовник од 05.12.2014 и во кој цените биле пониски од важечкиот ценовник од 21.07.2022 година.
Сите осум договори биле реализирани со што пријавениот овозможил шест правни лица да се стекнат со имотна корист од 2.053.838 денари и за тој износ била предизвикана штета на ЈП „Национални Шуми“.
Ново на Сител
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
