Кривична за две лица кои грабале чанти преку автомобил

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство - ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Б.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение за извршени четири кривични дела „тешки кражби на дрзок начин“ и едно засега непознато лице за извршено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
Од страна на судија на претходна постапка на осомничениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.
Кривичните дела двајцата ги извршиле во временскиот период од 7 октомври до 10 ноември оваа година. Три на подрачјето на Кисела Вода и една на подрачјето на Аеродром. Се стекнале со противправна имотна корист од околу 57.700 денари.
- Првото кривично дело пријавените го извршиле заедно на тој начин што додека се движеле со ПМВ „Шкода Фелиција“ без регистерски таблици и откако ја забележале оштетената како се движи по улицата, второпријавеното лице возејќи го возилото и пришол од десната страна, а Д.Б. ја испружил раката преку отворениот прозорец и ја грабнал чантата која оштетената ја носела и во која имало мобилен телефон, лични документи и банкарски картички по што со возилото избегале во непознат правец. Со банкарската картица од банкомат првопријавениот се обидел да извади парични средства, при што не успеал во намерата и истата ја скршил и ја фрлил во шахта во непосредна близина на банката, се наведува во соопштението на МВР.
Појаснуваат дека останатите три кривични дела Д.Б. ги извршил сам. Движејќи се со „Шкода Фелиција“ со извадени регистарски таблици им приоѓал на оштетените од десната страна и преку отворениот прозорец и им ги грабал чантите по што со возилото го напуштал местото на настанот. Откако ќе извршел пребарување во ташните одредени предмети ги земал, а останатото го фрлал во контејнер. Првопријавениот во еден случај забележал дека на една од картиците е запишан и ПИН кодот и ја зел картичката и од банкоматот и во два наврати извадил парични средства кои ги потрошил за свои потреби.
На 12/13.11.2015 година во ПС ОН Кисела Вода извршен е службен разговор со Д.Б. во кој тој го појаснил начинот на извршувањето на кривичните дела, а се преземат оперативно тактички мерки за пронаоѓање на второто засега непознато лице.
Од МВР информираат дека Д.Б. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти „кражба“,„разбојништво“ и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
