Кривична за двајца струмичани кои организирале роденденска прослава на која имало повеќе лица
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) и двацата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело ''Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија'', казниво по член 206 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Имено на 05.01.2021, пријавените во домот на првопријавениот во Струмица, организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица, при што со таквото дејствие пријавените постапиле спротивно на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.
Од организираната роденденска прослава второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.
Од страна на полициски службеници при СВР-Струмица, превземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш