Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(42) од с.Пршовце, тетовско, вработен во Центарот за социјални работи Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против А.Х.(45), Б.И.(45), Т.С.(62), Д.О.(59), сите од Тетово и Б.А.(46) од с.Боговиње, тетовско, сите вработени во Центарот за социјални работи Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење на служба“ и против уште едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“.
На 17.07.2022, првопријавениот изготвил записник, со што овозможил незаконска ретроактивна исплата во износ од 289.495 денари на сметка на едно лице од Тетово. Второпријавениот пропуштил должен надзор, односно овозможил да се користи неговата шифра од вработените во центарот.
Третопријавениот, со ставање на неговата шифра на располагање на други вработени, овозможил нејзина злоупотреба, односно од неа да се пуштат наведените парични средства. Четврто и петтопријавените овозможиле на вработените да го користат службениот печат односно да го злоупотребат со ставање печат на фалсификувани документи.
Шестопријавениот, во својство на директор во Центарот, не покренал постапка за утврдување на одговорност за противправно остварување на правото на социјална сигурност на стари лица на подносителот.
Додека, пак, седмопријавениот ставил потпис и печат на решението во име на лице кое веќе било во пензија.
Ново на Сител
-
Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи, трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите
-
Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на повеќе од 500 парчиња облека
-
17-годишник излетал од пат со автомобил, повредени неговите малолетни сопатници
-
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО