Кривична против двајца од Сирково поради неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи

Кривична против двајца од росоманското село Сирково поради неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи поднесе кавадаречката полиција, информираа попладнево од СВР Велес.
- ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против З.П.(57) и Б.П(34), двајцата од с.Сирково, општина Росоман, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 18.03.2024, при претрес во нивниот дом и помошни простории во с.Сирково, извршен со со судска наредба, биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, куршуми различен калибар и други предмети, соопштија од СВР Велес.
ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.К(51) од с.Ваташа, кавадаречко, поради постоење на основи за омневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “, казниво по член 215 ств 1 од Кривичниот законик.
-На 05.10.2024 на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го затекнале пријавениот како во неговото возило користи бела прашкаста материја. Подоцна, бил извршен претрес во неговото возило, дом и помошни простории и хала од работилница, при шро бил пронајден и одземен кокаин, појаснија од СВР Велес.
Ново на Сител
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
-

ИНСТАТ: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година
-

Ауди ја престави третата генерација на Q7
-

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500
-

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци
-

САД изразија „сериозна загриженост“ по однос кинеското тестирање балистичка ракета
-

Нова средба во Собранието за Изборниот законик
