Македонија
7. јуни 2018 - 12:27

Кривична пријава за вработена во Обвинителството во Гевгелија

Секторот за внатрешни работи Струмица-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против гевгеличанката Е.С. (34) , поради постоење на основано сомневање дека сторила кривично дело „Оддавање службена тајна“.

Како што изјави Тони Божиков, самостоен инспектор при СВР Срумица, осомничената Е.С. на адвокатот му давала кривични пријави, службени белешки и други документи изработени од организациони единици на Министерството за внатрешни работи, записници, спогодби и други документи изработени од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, службени документи издадени од Основниот суд во Гевгелија, кои преставуваат службена тајна, документи од други јавни установи, кои директно или индиректно се поврзани со предметите за кои е ополномоштен бранител А.С. пред судски или јавнообвинителски предмет

- Од средината на 2017 година до 23 мај 2018 година, вработената во Основното јавно обвинителство во Гевгелија како помлад јавнообвинителски соработник за казнено право во повеќе наврати на адвокатот А.С. му давала податоци што преставуваат службена тајна, информираше Божиков на денешната прес конференција.

Според полицијата, со сторените дејствија пријавената Е.С. за себе и за друг прибавила противправна имотна корист и нанела штета на честа и угледот во институцијата во која работи.