-->
-->
Кривична пријава за тројца стружани за кражба на дрва
-->

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против лицата Л.И.(31), Д.Д.(18), двајцата од струшкото село Франгово и Ш.М. (20) од селото Радолишта поради кражба на дрва.
Пријавените, според СВР Охрид, на 17 овој месец биле затекнати во бесправна сеча на букови дрва во шумски терен кај местото Гропа во атарот на струшкото село Франгово.
- Полициските службеници како и шумскиот полицаец констатирале дека пријавените на туѓ имот неовластено пресекле околу 40 стебла букови дрва, кои веднаш потоа ги префрлиле на соседна локација одалечена околу 100 метри, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Шумската полиција ги одзела бесправно исечените и нежигирани букови дрва во количина од 14 кубни метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
