-->
-->
Кривична пријава за тетовец поради бесправно градење
-->
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности “ и „бесправно градење“. Во текот на 2020 година, на Попова Шапка, на место викано „Јелак“, пријавениот во својство на инвеститор без да поседува соодветна документација изградил викенд куќа на државно земјиште. На 11.01.2021, овластени службени лица од Попова Шапка на наведеното место забележале градежни работници како изведуваат градежни работи. Истиот ден, увидна екипа при СВР Тетово извршила увид на местото на настан за што била изготвена документација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гасот надмина 100 евра за прв пат од 2022 година, ЕСМ преговара за поевтино снабдување
-

Субвенционираниот студентски оброк ќе се зголеми, не се знае кога и за колку
-

Македонија меѓу земјите во светот со најголем број мозочни удари
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
