Македонија
13. May 2016 - 16:55

Кривична пријава за стружанка која ја уништувала спомен куќата на Узунов

24 годишната стружанка Јована Мојсоска заработи кривична пријава поради оштетување на спомен Куќата на Христо Узунов  во Охрид. Пријавената, со спреј пишувала недолични пароли на куќата на македонскиот револуционер Христо Узунов лоцирана на улицата „Коста Абраш“што претставува македонско културно наследство и културно-историски споменик заштитен со закон од 1950 година. Чуварот кој го обезбедувал објектот на лице место ја затекнал девојката  и веднаш случајот го пријавил .Натписите се исчистени  , но потребна е комплетна конзервација на каменот и фугите .

Oд страна на СВР Охрид,извршен  е разговор со пријавената а на лице место, спроведен е криминалистичко-технички увид, одземање на спрејот со кој е извршено оштетувањето на спомен куќата а потоа и вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.